За прорамата на мандатарот Димитар Ковачевски таа рече дека е амбициозна и дека во неа се вградени и заложби на Либерално демократската партија за поквалитетен живот на граѓаните.
„Ќе потенцирам само неколку од нив како: унапредување на демократијата, слободата и човековите права, младите во фокусот, регулација на криптосредствата, продолжување на процесот на децентрализација, декриминализација на канабисот, енергетска транзиција, измени на Изборниот законик. Верувам дека уште веднаш Владата ќе се зафати со прашањето за една икзборна единица“ рече Зајкова.
Според неа една од најзначајните политики е онаа за младите од Програмата на Владата, бидејќи истите се најмалку предмет на дискусија, а она што не засега сите младите да ги задржиме тука да ја градат сопствената иднина и перспектива.