МНР НА РУСИЈА

Захарова му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на вчерашниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот во Брисел.

Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси на некоја земја е неприфатливо, додавајќи дека токму грубото мешање на Западот предизвикало длабока криза во Македонија.

„Посветивме внимание на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од 12 јуни, околу исходот од средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Челникот на НАТО истакна дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси е неприфатливо. Да зборуваме отворено, досега не сме слушнале генералниот секретар на НАТО, Jенс Столтенберг, толку остро да ги критикува Вашингтон, раковдството на Европската Унија, Берлин, Тирана, самиот себе и неговата организација. Токму грубото мешање на Западот предизвика длабока и долготрајна криза во Република Македонија. Оваа криза доведе до сериозна деградација на ситуацијата во оваа земја. Ѝ даваме целосна поддршка на оценката на Столтенберг. Би било убаво западните држави да почнат да ги користат ваквите ставови во практика“, вели Захарова.

Премиерот Заев во понеделникот беше во прва официјална посета на Брисел, каде покрај генералниот секретар на НАТО, имаше средби и со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, јави Мета.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе