Захарова не одговори конкретно на прашањето дали Русија ќе го признае името „Република Северна Македонија” и дали ќе има дискусија за ова прашање во Советот за безбедност на ОН, но кажа дека во процесот на прифаќање на Договорот од Преспа, се направени „сериозни прекршувања на домашното законодавство во една од страните, како и на меѓународните правни норми, со силен надворешен притисок“. „Веруваме дека никој не треба да се сомнева оти западните земји се водени од геополитичките интереси за приемот на Скопје во НАТО, а не со желба да помогнат во решавањето на овој, всушност, билатерален спор“, изјави Захарова.