Портпаролката на руското МНР

Захарова до македонското МНР: Па не мислите дека ќе протераме дипломат на друга земја само затоа што имате двајца дипломати во Москва

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку својот фејсбук-профил откри дека денеска македонското Министерство за надворешни работи испратило информација дека се надева дека Москва нема да испрати ниту еден македонски дипломат дома затоа што Македонија во Русија има само двајца дипломати.

На фејсбук Захарова пишува дека на 14 мај Македонија спроведе непријателски чин против руската дипломатска мисија. Властите на Македонија за персона нон грата прогласија еден од руските дипломати. Денеска руското Министерство за надворешни работи ги осуди ваквите активности и најави дека ќе следат одмазднички мерки.

„На ова денеска, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија одговори дека само двајца нивни дипломати работат во Русија и во Скопје се надеваат дека Русија нема како дел од тие одмазнички мерки да испрати ниту еден од двајцата дома. Прашање. На што мислеше Скопје кога ја донесе одлуката за протерување на рускиот дипломат? Или пак сме поканети да испратиме други дипломати дома, наместо нивните, кои се малку“, напиша Захарова.

На 18 мај македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека „согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија. Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, пишува во соопштението од МНР од 18 мај.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе