Сигурно ќе мора да се плати за заштитата од страна на НАТО. Веќе знам која е цената за тоа. Ќе треба да се плаќа како поради зголемувањето на трошоците за одбрана, за учество во воени подготовки, операции, кои се далеку од интересите на македонскиот народ, исто така и за губење на можноста од водење суверена надворешна политика, истакна Захарова.
#Захарова: Придобивки на #Македонија од членството во @NATO се неизвесни, додека цената е прилично јасна - не само двојно зголемени одбрамбени трошоци, туку и загуба на слободата во носење одлуки ➡️ https://t.co/YeQAmG0HEv pic.twitter.com/7gTWS5BQJJ
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) February 7, 2019
Според неа, службениците во руското МНР не разбираат од каква закана НАТО има намера да ја штити Република Македонија.
„Единствената сериозна вооружена сила која го дестабилизира регионот е армијата на Косово, која е формирана од поранешни албански борци. Не гледаме други закани за безбедноста и затоа се прашуваме дали Алијансата нема повторно да војува со оние кои ги обучила и оружала“, нагласи Захарова.
#Захарова: Од кого @NATO ќе го брани македонскиот народ? Единствена закана во регионот претставува тнр. “војска на Косово” која се формира од поранешни припадници на #УЧК. Зарем повторно #НАТО ќе војува со оние што самата ги беше обучувала и вооружувала?➡️https://t.co/YeQAmG0HEv
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) February 7, 2019