„Позицијата на бугарскиот Парламент е чудо“

Захариева: Во Македонија се во заблуда ако чекаат по бугарските избори нешто да се смени

Позицијата на бугарскиот Парламент во однос на Северна Македонија е едно од чудата бидејќи ретко се случува да сме толку единствени за што било. И бугарските општество и бугарските партии имаат многу слична позиција за таа тема. Па, изборите во Бугарија е една од нивните нивните заблуди, вели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Фото: Принтскрин

Во гостување на БТВ, Захариева, коментирајќи ги тврдењата дека во Македонија се чекаат бугарските избори за да се решат проблемите со преговорите за членство во ЕУ, рече дека „тоа е апсолутно погрешно“.

„Погрешна е претставата дека нешто ќе се смени по изборите кај нас. Ако нешто се смени, тоа нешто ќе биде полошо за нив“, вели Захариева.

Според неа, нема ништо тајно на средбата со специјалниот пратеник на македонската Влада, Владо Бучковски, а бугарската страна била отворена и се држела до Договорот.

„Една од претпоставките нешто да се заврши и да може разумно да почнеме да работиме на решавање на проблемите е да се намалат емоциите. Колку повеќе зборуваме без емоции, толку повеќе имаме шанса да ја завршиме работата“, изјавила таа.

Според неа, јазикот е една од заблудите кои Македонија се обидува да ја наметне.

„Не е точно дека сме против нивното право на идентитет. Ние сакаме надминување на стереотипите од минатото, запирање на воспитувањето и основањето на нацијата базирано на антибугаризмот, запирање на јазикот на омраза, запирање на воспитувањето на омраза кон бугарското. Тоа го сакаме, не е ништо толку тешко според мене, но очигледно е многу тешко според нив“, изјави Захариева.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Принтскрин

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе