По разговорите во Берлин

Захариева: Уште не сме спремни да кажеме „да“ за преговорите со Македонија

Сѐ уште не сме во состојба да ја одобриме преговарачката рамка за Македонија. Ние сме добронамерни, но не може да правиме компромиси коишто и натаму ќе водат до антибугарска кампања и тоа е ставот на бугарската Влада, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, пренесува БГНЕС.

Од вчера вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи се во Берлин каде што имаа средба со Захариева, на покана на министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот. Целта на разговорите во Берлин е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.

„Во Берлин имаме напредок по отворените прашања за Македонија. За Бугарија е важно тие да потврдат дека краткото име на земјата не води кон географски дел од Бугарија и дека не е поврзано со територијални или ‘малцински‘ претензии. За јазикот ние повторно нагласивме дека има две варијанти, или користење на варијантата од 2017 година и мислам дека и тука имаме големо приближување на позициите. До моментов сепак, се уште не сме спремни да ја одобриме преговарачката рамка за Македонија, но работиме активно со германското претседателство. Работиме на останатите барања на Бугарија во преговарачката рамка коишто се поврзани со гаранции за прифаќање на планот за исполнување на Договорот од 2017, како и јасна потврда и во преговарачката рамка и еднострано од Македонија дека нема да се поддржат ‘малцински‘ претензии од страна на државните институции“, изјавила Захариева.

Таа додава дека е проблематично за целата Европска Унија да има отворени прашања, како и дека не сите членки на Унијата го поддржуваат проширувањето.

„Се согласувам со колегите од Скопје дека никој нема право да определува како некој граѓанин ќе се самоопредели, а истото важи и за бугарските граѓани. Нема некој да каже дека тој јазик е различен од нашиот и затоа ја утврдивме формулата во 2017 година.

Му благодарам на германското претседателство за ангажманот и иницијативата, но се уште не сме стигнале до таму, да кажеме ДА“, изјавила Захариева.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе