Захариева: Се радувам за напредокот во преговорите меѓу Атина и Скопје

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева е задоволна од напредокот во преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.

„Се радувам што има напредок во преговорите меѓу Атина и Скопје. Тоа е билатерално прашање и да оставиме преговорите да се водат меѓу Атина и Скопје со посредство на Обединетите Нации“, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање и посака успех во преговорите, пренесува БТА.

Во врска со претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати за членство што ќе се одржи во Софија, таа рече дека поканите за учество на кандидатките за членство во повеќе совети и експертски групи се знак дека уште во претпристапниот процес тие треба да бидат активни учесници во идната политика на ЕУ. Според Захариева, тоа е многу добра пракса и ќе биде добра можност за размена на мислења меѓу земјите членки и земјите кандидати за членство.

 

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе