Захариева: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија да наликуваат на оние на Шпанија со Латинска Америка

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија се додека не се стави крај на „говорот на омраза кон се што е бугарско", јави БГНЕС.

Според Захариева односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка.

-Проблемот со историјата е што погрешните и лажни интерпретации на настаните, луѓето и случувањата имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава јазик на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно недозволиво за нас, вели таа.

Захариева со обвинување до македонската политичка елита дека „ги минале изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираат и толерираат тој јазик на омраза, нешто што во крајна смисла влијаеше на обичните граѓани во земјата".

„Бугарија никогаш не го одрекнувала правото на постоење на македонската држава, нејзиниот суверенитет и желбата да го нарекуваат јазикот, како што сакаат. Но сето тоа не треба да се случува со помош на лаги и со одрекување за тоа како е создадена нацијата“, додаде Захариева.

Таа како пример ја наведува Латинска Америка. – Фактот дека Аргентинците и Чилеанците говорат на шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека тие имале заедничка историја до еден момент не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив тоа ги зближува, смета Захариева.

Додаде дека како што Шпанија е најголемиот поддржувач на тоа ЕУ да има поблиски односи со земјите од Латинска Америка, така и Бугарија била првата држава, која ја признала независноста на Македонија во 1991 година и го поставила прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, за време на бугарското претседателство во 2018 година.

Таа повторно со критика дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство. Според неа од влезот на земјава во НАТО, е забележано забавување на во сите области на соработка, од економијата, до инфраструктурата, образованието.

Захариева рече и дека Бугарија стравува од македонските територијални претензии и тврдењата дека во Бугарија има македонски малцинство, што го изедначи со иредентизам.

На прашањето дали европските партнери имаат разбирање на бугарската позиција, Захариева рече дека и Грција во минатото не била разбрана.

Додаде дека бугарската позиција е во преговарачката рамка за Северна Македонија да бидат вклучени три посебни точки: формулација за официјалниот јазик на Северна Македонија, патоказ за реализирање на Договорот од 2017 година и откажување од страна на Скопје од претензиите за постоење на македонско малцинство во Бугарија.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе