Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон членството во Европската Унија доколку не признае дека нејзиниот национален идентитет и јазик имаат бугарски корени, рече во интервју за Ројтерс бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Нашата загриженост доаѓа од бесконечните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на ова, изјави Захариева за Ројтерс.

Доколку Македонија се согласи, Захариева рече дека Софија е подготвена да го признае македонскиот како еден од официјалните јазици на својот сосед и да признае македонски идентитет.

„Ние не го оспоруваме нивното право на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Подготвени сме повторно да ги потврдиме моменталните реалности, но тие мора да ја признаат историската вистина“, рече таа.

Захариева рече дека Бугарија, која својот прв период како ротирачко претседателство на ЕУ во 2018 година го насочила кон „брз пристап на нациите од Западен Балкан во блокот“, може да стави вето на официјалното започнување на пристапните преговори со Македонија следниот месец, освен ако двете страни успеат да го решат прашањето.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе