Во интервју шефицата на бугарската дипломатија

Захариева не е среќна што кажаa НЕ за Македонија, а горда што биле спасени илјадници Евреи

„Не сме среќни што требаше да кажеме НЕ, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму", изјави шефицата на бугарската дипломатија Захариева за ветото на Софија за Македонија. Таа рече дека не може да се меша за отворањето на српски културен центар во Македонија, туку дека Бугарија сака отворање и на бугарски центар во Скопје. Захариева е горда што бугарскиот народ спасил илјадници бугарски Евреи, а жали што „над 11.400 Евреи не биле спасени од територии што во тоа време биле само администрирани од Бугарија, без да бидат бугарски".

Ја поддржуваме европската перспектива на земјите од Западен Балкан и не се точни и се крајно незасновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски" и „странски сценарија" запирајќи го влезот на Северна Македонија во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Не сме среќни што требаше да кажеме НЕ, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму", рече Захариева.

Во однос на позициите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, дека проширувањето на ЕУ не треба да стане заложник на билатералните спорови и на бугарската политика кон Македонија, Захариева рече дека нерешените прашања треба да се решат претходно и оти Бугарија нема да прави компромис со своите национални интереси.

Според Захариева, бугарската Влада не реагирала официјално за изучувањето на српскиот јазик во Македонија.

„Тоа е внатрешно прашање, ние не можеме да се мешаме за воведувањето српски јазик и отворање нивен културен центар. Само сакаме да има и бугарски културен центар", рече Захариева.

Оцени дека „меѓу двете држави нема нормален пат, нема железничка линија и се создаваат административни пречки пред бугарски компании во Македонија, што сакаат таму да инвестираат".

Захариева даде потврден одговор на прашањата дали Бугарија била сојузник на Германија за време на Втората светска војна и дали имало Закон за заштита на нацијата. Но, рече дека „бугарскиот народ, дел од пратениците, бугарската Црква и интелектуалците, биле причината да бидат спасени бугарските Евреи од депортација".

„Се гордеам затоа што беа спасени бугарските Евреи, тоа се вели не само од Бугарија, има признание и од Израел и од сите меѓународни еврејски организации, но во исто време, жалиме за тоа што над 11.400 Евреи не биле спасени од територии што во тоа време биле само администрирани од Бугарија, без да бидат бугарски", рече Захариева.

Според неа, единствената нација во учебниците по историја во Северна Македонија што е претставена како фашистичка е бугарската.

„Јас не мислам дека бугарскиот народ е фашистички народ. Тогаш и Италијанците и Албанците исто така треба да бидат посочени како фашисти, затоа што и тие биле сојузник во оној историски момент на Германија", рече Захариева.

Се заблагодари на властите во Скопје за затворање на Фејсбук групите во кои имало говор на омраза против Бугарија, истакнувајќи дека најважно е да се смират емоциите и ако не ги решиме проблемите и двете држави ќе загубат.

МИА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе