Бугарија ја поздрави одлуката за преговори со Македонија и Албанија

Захариева: Нашите пријатели се на почеток на долг пат, им посакувам успех

По вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отворање преговори со Македонија и со Албанија се огласи и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева која ја поздрави одлуката и рече дека се надева оти Европскиот совет утре ќе ја поддржи.

„Заклучоците, кои официјално ќе бидат усвоени утре, содржат текст што го обврзува напредокот во процесот на проширување со постигнувањето опипливи резултати од Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка со Бугарија. Во однос на Република Албанија, ние ќе ја следиме заштитата на правата на бугарското национално малцинство “, рече Захариева.

Таа додаде дека „нашите пријатели се на почетокот на еден долг пат, но нашето искуство во процесот на преговори, исто така, ќе им биде на располагање. Искрено им посакувам успех! “

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вагхеји, вчера објави дека земјите од ЕУ постигнале политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ.

„Сесрдно им честитам на двете држави. Оваа одлука испраќа силен сигнал до Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ “, рече тој.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе