Софија

Захариева: Јасна е нашата позиција и нашите услови за Северна Македонија

Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за бугарската телевизија Канал 3.

Ние имаме интерес тие да ја признаат историјата, а во исто време ние треба да ја признеме реалноста во моментов, вели Захариева

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија коментирајќи ги последните случувања на релација Скопје – Софија, вели дека во земјава е предизборен период и дека „мудра надворешна политика значи да не влегуваш во предизборната кампања и да не се фаќаш на таа јадица“.

„Не е првпат тамошните политичари да ја употребуваат Бугарија во предизборна кампања. Започна ВМРО-ДПМНЕ за ние да реагираме, за да кажат – еве, гледајте… Нема да се фаќаме на таа песна. Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат“, изјави Захариева.

Таа рече дека иако Македонија има статус на кандидатка за ЕУ од 2005 година, „едвај сега, во 2020 година, Советот на ЕУ успеа да донесе одлука за почеток на преговори“. Според неа, „во никој случај, вината за тоа не беше ниту на Бугарија ниту на Грција“.

Прашана дали е можно Бугарија да стави вето поради прашањата за историјата и за јазикот, шефицата на бугарската дипломатија се повика на интервјуто на професорот Денко Малески за ТВ „Европа“.

„Тој во интервјуто кажува многу реални нешта. Вели – сме биле еден народ, но сега Бугарија не може да ја одрекува реалноста. Никој не очекува, што и да направиме, тие да речат – ние сме… Тоа е процес од над сто години, 75 години е државна политика. Тоа се многу поколенија. Ние имаме интерес тие да бидат во Европската Унија, да запрат со практиките од Титова Југославија, имаме интерес да ја признаат историјата, а во исто време, ние треба да ја признеме реалноста во моментов. Тоа е заемен интерес, според мене“, одговори Захариева.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе