МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

Захариева: Договорот е усогласен, немаме намера да водиме дополнителни преговори

Текстот на договорот за добрососедство со Македонија е финализиран и бугарската страна нема намера да води нови преговори. Договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во интервју за Бугарската телевизија.

„Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република Бугарија. Договорот се базира на декларацијата потпишана во 1999 година, а разликата е што се вградени механизми за следење на неговата примена, ќе има експертска комисија од историчари и општествени работници кои ќе работат на подобрување на училишните програми врз база на легитимни историски извори“, рече Захариева.

За барањата на некои македонски опозициски политички партии да биде признато постоењето македонско малцинство во Бугарија, Захариева вели дека властите во Софија не водат преговори со партии, туку со Влада.

„Во Скопје треба да решат дали ќе продолжат да бидат изолирани уште 11 години од своите соседи и од светот, правејќи се многу големи, или сакаат да имаат европска перспектива и развој, рече Захариева и додаде дека очекува договорот за добрососедство со Македонија да биде потпишан од премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, на 2 Август во Скопје.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе