Луксембург

Заглавена е одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија, Кипар се заканува дека ќе ги блокира преговорите за сите

Земјите членки на ЕУ вчера изразија несогласување околу почетокот на преговорите за влез во Унијата со Македонија и Албанија, а според нивниот заеднички Извештај, одлуката за двете држави би можела да биде одложена до октомври, кога ќе ја разгледува и германскиот Парламент.

Како што објавија западни медиуми кои имаат увид во Извештајот, за време на состанокот Кипар се заканил дека ќе стави вето на секој договор за проширување доколку ЕУ не го заостри својот став поради тоа што Турција истражува природен гас во источниот Медитеран.

Министрите од 28-те земји членки ќе се состанат и денеска за да разговараат за почетокот на формалните преговори за членство на двете балкански земји.

„Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се договорат“, изјави дипломат од ЕУ.

Кипар се заканил и дека ќе го блокира целиот текст кој се однесува на идната перспектива за сите земји кои тежнееат да се приклучат во Унијата, меѓу кои се Србија, Црна Гора и БиХ, доколку не се реши проблемот со Турција.

Според дипломатот, Никозија бара заеднички став на ЕУ во врска со прашањето за истражување природен гас во источниот дел на Медитеранот од страна на Турција, што според кипарските Грци ја нарушува ексклузивната економска зона.

Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговорите за пристапување на Македонија и Албанија, изјави вчера на прес-конференција високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

„Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешната граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата“, истакна Могерини.

Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир.

„Се надевам дека земјите од ЕУ ќе донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите“, рече Могерини.

Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на денешната седница во Луксембург.

МИА

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе