Дел од Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ

Зафировски: Ристовски партијата ја претвори во секта, тој се смета за пророк, a одработува за власта

 Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.

Зафировски рече дека лидерот Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себе си за пророк.

Мицкоски рече дека во периодот кој следи ќе почне процесот на окрупнување на опозицијата во кој повеќе партии и организации ќе се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.

„За време на изборите имавме платени опозициони лидери кои го спречуваа обединувањето на опозицијата“, рече Мицкоски.

„Се определивме да преминеме во ВМРО-ДПМНЕ и од тука испраќаме повик до сите оние десно ориентирани политички партии, па и оне кои не се десно ориентирани да ни се придружат, да направиме блок кој ќе ја реализира онаа идеја која беше присутна уште пред изборите, а таа идеја беше да се сруши оваа власт, која ја обезличи и обешчести Македонија. Затоа повикот е отворен, затоа прифативме да бидеме дел од опозицијата, а не дел од власта“, рече Зафировски.

Според Зафировски, актуелниот претседател на Интегра за време на изборниот период одработил за актуелната власт, а самиот Зафировски е разрешен на седница без да биде повикан на истата, наводно поради морални причини.

Мицкоски упати повик до сите политички партии кои ценат дека оваа денешно политичко битисување во Владата е погрешно и дека оваа мафијашко однесување на Владата е на штета на интересите на граѓаните и на државата да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ваков повик имавме и пред изборите, но за жал дел од партиите кои сега се вон Парламентот, а се декларираат како опозициски, таков е и лидерот на Интегра, имаме сериозни информации и докази дека беа финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се денеска тука со мене исто така дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозиција и да се поделат гласовите. На долг рок ова е погубно за граѓаните“, рече Мицкоси.

Прашан како ќе функционираат новите членови во партијата Мицкоски појасни дека во рамките на вертикалното функционирање на партијата, за сите оние членови кои ќе дојдат од други партии, нивни квалитети индивидуални, но и професионални ќе бидат интегрирани ќе можат да се приклучуваат кон опозициски блок, директно кон ВМРО-ДПМНЕ во рамките на општинските, месните комитети, комисиите на партијата, зошто да не Централниот комитет, Извршиот комитет или конгресот.

Сите оние политички партии кои нема да се интегрираат во ВМРО-ДПМНЕ, а ќе даваат поддршка во активности на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ќе бидат дел од овој поширок опозициски блок.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе