На Твитер

Заев: Зборот „педер“ го употребив како карактерна особина, а не за сексуална припадност

Премиерот Зоран Заев по реакциите на неговата изјава на официјалниот твитер-профил напиша дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност.

„ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот 'педер' упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и до сега”, напиша Заев.

Претходно, коментирајќи го случајот „Рекет”, Заев пред медиумите кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе