Заев закажа за утре нова лидерска средба, однесувањето на Мицкоски го нарече неодговорно

Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодговорно и навредливо кон сите политички субјејкти и граѓаните на Македонија, изјави премиерот премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во Клубот на пратениците.

Заев информираше дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што рече, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонијапрашуваќи што е тоа што не сакаше да го каже пред сите политички лидери, туку пред потесен состав.

„Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи рамо до рамо со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата. Наместо тоа, Мицкоски одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина”, додаде Заев.

До крајот на лидерската средба остана СПМ, која, како што рече Заев, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО. Но, тој не знае како тие ќе гласаат во Собранието.

 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе