ПО ВРАЌАЊЕТО ОД БРИСЕЛ

Заев: Задоволен сум, има квалитетен исчекор, но далеку од она што ѝ е потребно на државата

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, по 12-часовните маратонски преговори во Брисел потенцира дека еден дел од јавноста бил информиран што точно се случило на состанокот во зградата „Берлемонт“ на ЕК. Задоволен е бидејќи, како што вели, работите се движат во правецот очекуван од нив, но за жал „сѐ уште не можам да ја соопштам радосната вест за граѓаните“. 

„Има квалитетен исчекор, но далеку од она што ѝ е потребно на државата. Не се работи само за барањата на опозицијата, на целото опозициско движење и коалицијата „Граѓаните за Македонија“, туку за она што е добро за Република Македонија. Тоа ќе донесе стабилизирање на институциите, враќање на корективите, нормализирање на состојбите, па ќе кулминира на крајот на април со слободна волја на граѓаните изразена преку избори“, вели опозиционерот Заев по враќањето од Брисел.

Вели, нивните барања се јасни зошто тоа така треба да се постигне, евентуално следниот чекор може да донесе конечно решение. Претпоставува тешко и мачно е за сите учесници во разговорите, но истиот момент „кога ќе сфатиме дека не се важни нашите суети и нашите позиции вкопани во ровови, во истиот момент одлучуваме за иднината на нашата земја“.

„Договор да има само колку да има договор, а под маса да има местенки, нешто тајно и скришно, порано или подоцна ќе излезе на површина“, вели Заев.

Откри и дел од следните чекори на опозицијата. Во недела заедно со граѓанските организации,  политичките партии од коалицијата и со другите партиципиенти ќе одржат состанок за да ги дефинираат сите наредни активности на „Граѓаните за Македонија“, соодветни за периодот кој функционираме, а, како што рече, во функција на успешот за враќање на Македонија во нормала.

„Толку месеци издржавме, толку месеци покажавме решителност, одважности и пред се трпение, мирољубие, ненасилство, за на крајот ни треба уште малку трпение за да ја постигнеме конечната цел“, рече Заев.

Социјалдемократот е оптимист и вели дека и пријателите од Европа и амбасадорот Бејли се се повеќе информирани и се повеќе имаат разбирање за „вистинските состојби во Македонија“

„Нема најавено продолжување на разговорите, иако сите таму и комесарот Хан отставивме отворени врати за оваа можност, но нема дефинирано датум и во кој формат би продолжиле преговорите. Претпоставувам поради исцрпувачките разговори што траеја во Брусел ни треба буквало преспивање за да ги дефинираме следните чекори. Се надевам поради оваа шанса која постои и поради периодот кој претстои, летото, но и поради тоа што веќе недозволиво е Македонија да биде во оваа мачнотија, пбрзо ќе се направи конечниот исчекор и договор, согласно со кој ќе почнат сите детали и точките кои ги опфаќа. Ако се договориме за таа преодна Влада без Груевски, толку квалитетни работи веќе има апсолвирано, кои што не се барани од опозицијата. Најголем дел се наметнати од оние што помагаат – ЕУ и САД, и се силен гарант за нормализација на институциите, системот и општеството“, рече Заев.

Тоа, според него, е плус повеќе да бидат уште повеќе мотивирани кон решенијата. Вели, ако се случува нешто, очекува тоа да биде во почетокот на идната недела.

„Патот мора да го завршиме, на маса со потпишување на договор кој ќе биде во интерес на граѓаните на Република Македонија“, вели Заев.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе