СЕДМА БОМБА НА СДСМ

Заев: За време на избори се манипулираше со субвенции, со социјална помош, со документи, со инспектори... (ВИДЕО)

Конечно се гледа како Никола Груевски и неговата партија ги добивале изборните циклуси – со измами, со злоупотреби на државни институции, со манипулации на гласачкото тело, со условувања, изјави денеска Зоран Заев, претседателот на СДСМ, објавувајќи дел од снимените телефонски разговори што се однесуваат на избори.

Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните циклуси, по што станува јасно како се правеле изборните измами, вели Заев.

„Станува јасно како со фалсификат Груевски се одржува на власт. Од снимките се гледа како преку казни на фирми, на такси компании, со закани за одземање на лиценци, со условување на земјоделците со субвенциите, како се условуваат наставниците, пензионерите, социјално загрозените... Станува збор за масовна злоупотреба на државните институции, кои за време на изборите работеле како штабови на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

Од снимките се гледа како високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ договараат што да се емитува на одделни телевизии, што да оди, а за што треба да се предизвикаат технички пречки или исклучување на струја.

Од снимките се потврдуваат и сомневањата за злоупотребата со личните документи и ставање на една адреса по 30-40 гласачи.

Да пуштиш неважечки ливчиња да прават, исклучи го телефонот 070306775, салата ги правиме автобусите на СДСМ, кажи му на тој од ФФМ да не заврши тој и неговото семејство во ендек... се цитати од денешните објавени снимки, а искажани од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на предизборие.

„Ова е доказ за неуставни активности, за класични изборни фалсификати, а поседуваме снимки за уште пострашни и понезамисливи работи од она што е денес објавено", рече Заев и најави дека наредната конференција за медиуми ќе ја одржи во Универзалната сала, а темата ќе биде повторно – избори.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе