Заев за уривањето:Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција" за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески.

„Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните“, напиша Заев.

Премиерот посочува дека сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат. Ова, како што појасни тој, особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.

„Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на Општина Струга“, наведува премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе