Заев за Tоп Чанел: Односите со Албанија ни се 100 насто пријателски

Албанија за нас е најпријателска земја што ја имаме. Ова пријателство е 100 насто  пријателско, помагајќи си едни на други да се движиме напред кон нашата иднина, со крајна цел за нашите граѓани да живеат подобар живот, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за албанската телевизија Топ чанел.

Преку ова пријателство, како што вели тој, подобривме многу работи, како „уан стоп шоп“, како и делегирајќи доверба во нашите институции.

Според него, трговската размена минатата година е зголемена за 11,5 отсто и оти заедно двете држави имаат големи капацитети за да се постигнат и други работи.

„Исто така, треба да ги охрабриме инвеститорите од нашите две земји за да имаат добивка. Од друга страна, ова значи повеќе работни места за нашите граѓани, поголем БДП, како и нов извоз на нашите компании“, изјавил Заев.

На прашањето дали има конкретен план со албанската Влада за проширување на економската соработка и слободно двжење на стока и луѓе во двете земји, Заев вели дека е потребно да се подобрат сите инфрастрктурни проекти кои ги поврзуваат двете земји.

„Изградивме проект од 450 милиони евра што не поврзува со Албанија. Наскоро ќе почнеме со изградба на железничка линија од 530 милиони евра што ќе го поврзува Драч со Скопје, што оди понатаму кон Црното Море, Бугарија, а потоа и во Истанбул. Тоа „уан стоп шоп“ што го изградивме и се надеваме да го отвориме во текот на летото, ќе го намали за 50 отсто времето поминато на граница на граѓаните, но и на товарните возила. Работевме и на меѓусебно делегирање компетенции, па на пример, ако Агенцијата за храна на Албанија изјави дека храната што ќе влезе во Северна Македонија од Албанија е чиста и потврдена според стандардите, тоа е доволно за нас. Ние ќе го прифатиме овој сертификат, како што тоа ќе биде и од друга страна“, вели Заев.

Тој најави дека се работи на отворање на друг граничен премин на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) со што ќе се олесни преминувањето на двете страни.

Според него доколку се зголеми регионалната соработка меѓу земјите во регионот, тоа ќе биде „високо оценето од страна на ЕУ да работи подобро со нас, а тоа ќе има многу бенефиции за шесте балкански земји“.

МИА

 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе