Заев за ШИК Јелак: Сопственоста на инвеститорот е остварена за време на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувањето на неизнасилено градење мора да биде составен дел на урбанизмот, почитувањето на зелените површини, и соодветен број на паркинг места е законски императив вграден во македонските закони што треба да се почитуваат. Сето друго е голо политиканство, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека власта дозволила на земјиштето на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ во околината на Тетово, да се градат станови, Заев рече дека сопственоста на тоа земјиште или акционерска сопственост која е затекната или создадена од инвеститорот, е за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Детални планови во РСМ од независноста до сега се носат и ќе се носат. Сопственоста на дотичниот господин во ШИК Јелак е остварена во 2014, 2015 година и слично, тука нема промена во некаков вид на сопственост. Урбанистичкиот план е вратен три, четири пати, како што се и другите со сите забелешки од страна на Министерството за транспорт и врски и на крајот на февруари оваа година е даден на согласност. На крајот нека се гради во Тетово, нека се шири во периферијата, доста е во центарот на градот со узурпацијата на сите места“, оцени Заев.

Тој изрази уверување дека ќе се донесе план и за Тутунскиот комбинат, за старата касарна, за развојот на стадионот, за болницата и здравствените аспекти во Тетово.

„Наша задача е да отвориме простор да растат и да се развиваат градовите во перифериите, ШИК Јелак е на влезот во Тетово. Досега Тетово и многу други градови во нашата земја патат заради тоа што сите се втурнуваат да градат згради и други објекти строго во центар. Верувам дека сите општини ќе продолжат да носат колку што е можно побрзо и поефикасно детални урбанистички планови за развој на општините. Општините се тие кои го димензираат нивниот развој, Транспорт и врски дава согласност и така треба да продолжиме. Имаме општини во Скопје и во внатрешноста кои веќе две и пол години немаат донесено детален план“, истакна Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изјави дека првиот ден од мандатот Заев и ДУИ не го искористиле да помогнат на народот, туку да го сменат деталниот урбанистички план во Тетово, за да може на земјиштето на контроверзниот бизнисмен Дака да градат станови, бизнис вреден околу 200 милиони евра. Исто обвинување вчера изнесе и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, кој рече дека власта дозволила во земјава мултимилионски бизниси на контроверзни личности од регионот.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе