Премиерот за „македонска фудбалска репрезентација“

Заев за реакциjaта на Грција: Твитот не значи непочитување на Договорот од Преспа

Откако поради завчерашниот „твит“ на Заев напишан од стадионот во Амстердам, како навивач на „македонската фудбалска репрезентација“,  грчката Влада се налути и најави дека „поради непочитување на Преспанскиот договор во контекстот на името на државата“ ќе биде замрзната ратификацијата на три меморандуми произлезени од Договорот, премиерот Заев денеска рече дека нашата земја чека две години за таа ратификација. Нагласи дека нема непочитување на Договорот бидејќи така се именуваат „македонски играчи, албански играчи, бошњачки играчи“...

„Во врка со мојот твит за нашата фудбалска репрезентација, вистината е дека играат македонски, албански и други играчи, и дека се тоа македонски играчи, но и вистината дека е тоа репрезентација на Северна Македонија. Тоа е така според Договорот од Преспа. Проблемот за кој прашувате не треба да е поврзан со ратификација на меморандумите во грчкиот парламент, бидејќи таа ратификација ја чекаме две години. Но македонските и грчките граѓани ги чекаат тие меоморандуми, затоа што тие нудат подобра и попрактична соработка. Јас секогаш испраќам пријателски пораки до грчките власти и грчките граѓани и велам дека Преспанскиот договор е бенефит за сите“, рече меѓу другото премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање.

 

 

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе