По средбата Димитров-Коѕијас

Заев за преговорите во Виена: Три позиции се решени, нашиот став е дека нема промена на Уставот

Три од седум позиции во преговарачкиот процес се веќе отстранети, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со вчерашната седумчасовна средба меѓу шефовите на македонската и на грчката дипломатија со помош на посредникот на ОН во Виена.

Тоа, вели Заев, практично значи дека речиси половина од точките по кои се преговара се затворени.

„Вчера почна преговарачкиот процес. До вчера двете страни само ги презентираа позициите. Имаше образложување на суштината на позициите на двете страни со обид за меѓусебно разбирање. Важно е да се гради доверба во функција на решавање на проблемот. Драго ми е што се разглобени сите прашања. Ако тргнеме од седум позиции кои беа појдовни точки, тоа е веќе намалено на четри позиции. Три се отстранети. Со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции. Уште еднаш да потенцирам, Република Македонија сака решение, се обидуваме да градиме внатрешен консензус и оптимисти сме во изнаоѓање на решение“, изјави денеска Заев на кроењето на лозјата на „Тиквеш“.

Премиерот останува на ставот дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки. Според Заев, доколку се најде решение граѓаните ќе го имаат последниот збор, преку референдум.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе