Заев: За преговорите со ЕУ ни требаат најдобрите луѓе во државата и во општеството

Да, се израдувавме на чистата препорака, но истовремено ги примивме пораките од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија во 2017 година. Ја продолживме реформската динамика, која што ве уверувам, ја интензивираме, порача премиерот Зоран Заев на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Во Владата, најави Заев, веќе се поставуваат контурите на реформскиот План 18, што се однесува во голем дел на побараното од Европската комисија, спроведување на усвоените реформски закони.

„Ќе го дефинираме заедно, во консултации со Европската комисија и со сите релевантни и општествени политички фактори. Ќе работиме како и до сега, заедно со сите. Со досегашните напори успеавме да ја убедиме Европската комисија дека заслужуваме почеток на претпристапните преговори“, изјави Заев.

Според него, до донесувањето на одлуките за почеток на преговорите на Европскиот совет во јуни, ќе се работи интензивно и на подготовките за воспоставување преговарачка структура, којашто, во име на државата, ќе ги подготви и води преговорите со ЕУ за членство.

„За оваа задача ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите, но исто така и најдобрите луѓе во државата и целото општество. Овде не смееме да имаме никакви поделби, ниту пак предрасуди“, порача премиерот.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе