Премиерот на прес-конференција

Заев за оставката: Сите опции ми беа во глава, пред сѐ сум човек

Во врска со информацијата дека премиерот Зоран Заев размислува за оставка, кои вчера беа објавени во дел медиуми, тој денес на прес-конференција појасни дека сите опции му биле во глава. Премиерот Заев додаде дека оставил денот да помине и ја донел одлуката за избори што денес ја соопшти.

„Прво ќе кажам дека јас сум Зоран Заев и можам да бидам премиер, пратеник, градоначалник... но сум човек и сите опции беа во мојата глава. Го почувствував гневот и горчината и тоа, како и секој човек, ме води кон секакви размислувања.

Но си реков дека немам право да се откажам да се борам. Не сме сјајни, имаме грешки, но немаме друг пат. Сѐ друго е ќорсоскак. Какви мисли и да поминаа низ мојата глава оставив да помине денот, се консултирав и донесов одлука“, појасни Заев.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе