ПРАШАЊА ОД ГРАЃАНИТЕ

Заев за Нова ТВ: Имаме снимки за рекетирање бизнисмени, за името, за Пустец, за Скопје 2014, за Центар...

Двајца луѓе успеавме да пренесеме во странство и да ги заштитиме, но за жал еден од нив не успеавме да го испратиме во странство, а тоа е Зоран Верушевски, изјави вечерва Зоран Заев, првиот човек на СДСМ, на вечерашното гостување на порталот Нова ТВ, кое по 40 минути беше прекинато поради технички причини.

Заев рече дека откако почнал да ги објавува снимките од прислушуваните разговори му пристапиле блиски соработници на оваа власт, „кои се каат за стореното и ни даваат нови и нови информации за криминалот на оваа власт“.

„Тоа ме охрабрува. Ваквите луѓе се одважија и јас ги охрабрувам. Тоа се луѓе што си ја сакаат татковината, државата“.

Заев вечерва преку Нова ТВ одговараше на прашања на граѓаните поставени преку социјалните мрежи. Според првиот човек на СДСМ, целата оваа ситуација „ќе мора да заврши со избори, сакал тоа Груевски да го признае или не. Следете нè внимателно и тој ќе мора да даде предвремени избори. Така ќе се одвиваат процесите. По мирен пат. Што и да направи оваа владејачка групација, работите така ќе завршат. Разврската на крајот ќе ја дефинира народот. Нема друг подобар или полош начин освен избори. А изборите ќе ги спроведе едно независно тело, една експертска влада, каде што ќе бидат личности што со своето знаење и личен кредибилитет ќе го гарантираат спроведувањето демократски и фер-избори. Но пред тоа, вистината мора да излезе до крај. И тогаш подетално ќе ги кажеме нашите идеи за политичката разврска. Бидете храбри, позитивни и оптимисти. Оваа власт не може да остане веќе. Сè додека не заминат, не престануваме. Слободата мора да ја вратиме“.

На прашања за поединечни случаи, Заев одговори дека ќе има тематски конференции за медиумите и за Скопје 2014, за изборите во општина Центар, за случајот со гласачите од Пустец, за случајот „Детонатор“, за одложувањето на пописот, за црниот понеделник...

За информациите дека неговиот брат гради катна гаража во Прилеп општина, каде што на власт е ВМРО-ДПМНЕ, Заев појасни дека неговиот брат тука учествува како соинвеститор, со цигли.

„Купувач на парцелата е приватно лице што бараше партнери за изградба на објектот. Ние имаме циглана, брат ми се вклучи во овој проект со продавање цигли, а за тоа ќе добиеме деловен простор. Носител на градбата не е мојот брат“.

На прашањето дали се обратиле кај претседателот, Заев рече дека тој не го признава изборот на Иванов за претседател. „Го почитувам како личност, но не можеме да се обратиме кај човек што не го почитуваме. А тој и досега можел да реагира. Очекуваме да реагира, а зошто тоа не го направи е негова работа“.

Заев рече дека има информации дека сè уште е прислушуван и дека за него е издаден судски налог за примена на посебни истражни мерки.

На прашањето за разговори што би се однесувале за порачано убиство, Заев рече дека нема такви снимки.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе