Владата за односите со Бугарија и навредливите тонови од Софија

Заев: За малцинските прашања не се мешаа ниту претходните влади, иако покажуваа „мускули“

Ние ниту сме се мешале, ниту се мешаме, не се мешале ниту претходните влади во внатрешните прашања на Бугарија, вклучително и за малцинските прашања, иако тие претходни влади знаеле на оваа тема да глумат покажување на мускули, рече премиерот Зоран Заев наглсувајќи дека во односите со Бугарија Владата се однесуваме како и другите држави согласно на меѓународни документи. Нудиме соработка и почитување на Договорот со Бугарија, тоа се предлозите за кои разговараше Бучковски, рече премиерот.

Македонија нема вина за бугарското вето, но што погрешивте кога станува збор за македонското малцинство кај источниот сосед од кого се откажавме и што всушност презентирал Владо Бучковски како посредник во преговорите и каков документ оставил на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, беше прашање упатено до премиерот Заев.

„Бугарија прашањето за малцинските прашања го извади поради тоа што Европскиот парламент имаше свој став за тоа, но и дека Софија пак, изразува загриженост од можно мешање во нивните внатрешни состојби. Ние ниту сме се мешале, ниту се мешаме, не се мешале ниту претходните влади иако знаеле по ова прашање да глумат покажување на мускули. Се однесуваме како и други држави согласно на меѓународни документи. Ние се однесуваме пријателски кон Бугарија и немаме територијални претензии. Доказ е и тоа што избравме покрај Грција, и Бугарија во рамки на НАТО да го обезбедува нашето небо, иако имавме и понуди од други држави. Сепак, ја избравме Бугарија како втор наш сосед. Истовремено, утврдувавме пред Бугарија дека согласно Договорот за пријателство, не се мешаме во внатарешни прашања на соседот, Договорот вели дека и Бугарија нема да се меша во нашите внатрешни работи“, одговори Заев.

Во врска со содржината на нонпејперот и разговорите на специјалниот претставник Бучковски во комуникацијата со Софија, премиерот Заев рече дека дека со бугарската страна постојано се разменуваат идеи за надминување на пречките.

„Тоа се размена на идеи коишто постојано ги даваме, и ќе продолжиме да ги даваме се додека не ги надминеме проблемите и пречките коишто од страна на Бугарија се испречија на нашата европска интеграција. Тука е Акциониот план којшто е изработен заедно министерот за надворешни работи, со потпретседателот на Владата за европски прашања, и со Канцеларијата на претседателот на Владата како дополнителна мотивација за поефикасна и побрза имплементација на Договорот со Бугарија", рече премиерот Заев.

Тој повтори дека дел од одговорот за пријателство и добрососедство со Бугарија е меѓусебно, реципрочно немешање во внатрешните работи на двете земји, вклучително и малцинските права, бидејќи тоа е меѓународно уредено и кај нас и во Бугарија и сите земји кои се членки во НАТО и Европската Унија, ООН

„Тоа се работите кои Бучковски ги презентира во Софија. Ќе имаме и денеска координација, како и со Комисијата за историски прашања. Акцент треба да ставиме на инфраструктурно поврзување. Имаме проблем со изградбата на железничката пруга кон Бугарија која е изградена одвај во 50 проценти, но треба и Бугарија на тој план да се активира“, рече Заев.

На прашањето дали Владата ќе реагира по навредливите изјави од бугарскиот министер Каракачанов кој изјави дека македонските историчари се однесуваат како магариња на мост, а пак  бугарскиот историчар Божинов изјави дека „македонизмот е псичичко пореметување“, Заев рече дека и навистина станува збор за сериозни навреди и провокации од бугарската страна.

„Секогаш реагираме и ќе продолжиме да реагираме. Реакцијата е јавна, транспарентна, медиумска заради тоа што се дава преку изјави, а не на некој друг начин. Апелираме во преговорите да се воздржуваме од навреди и провокации и да се држиме до пријателскиот речник. Сакаме сите да бидеме во ЕУ, а во рамки на регионот да бидеме пријатели и економски да соработуваме", одговори Заев.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе