Претседателски избори април 2019

Заев: За европска Република Северна Македонија, да избереме европски претседател

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил повика на масовна излезност и на демократски и успешни претседателски избори.

„Исходот на овие избори во огромна мера ќе влијае дали и со колкаво темпо ќе продолжиме да се движиме напред. За да имаме европски животен стандард, европски плати, европско образование, за да ја потврдиме стабилноста на државата, за да живееме спокојно, еден е патот – тоа е Напред“, напиша Заев на Фејсбук.

Тој ги повикува Македонците, Албанците, Турците, Србите, Бошњаците, Ромите, Власите, од сите социјални групи, политички определени, неопределени, поединци, групи, да не ја пропуштат оваа граѓанска должност.

„Со гордост и со пенкало, на гласачките места, на изборите, направете избор и донесете одлука. И нека не оди во празно вашиот глас. Да испратиме уште еднаш јасна порака, дека сме цврсто определени за прогресивните концепти: едно општество за сите, членство во НАТО и ЕУ, економски развој, затоа што тоа е единствената успешна опција за успех за сите граѓани и за нашата држава“, напиша премиерот.

Според него, се другo би значело нови застои, неизвесност и ризици за иднината и оти одговорноста на овие избори е на сите нас и тоа бара акција и одлучност.

„За европска Република Северна Македонија, да избереме европски претседател. Заедно да го избереме Стево Пендаровски кој води Напред“!, додаде премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе