Трилатерална средба во Белград

Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе. Со неа, со поддршка на ЕУ, почнува процес на кој се повикани да се вклучат и останатите држави на Западен Балкан.

„Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на трговијата, протокот на производи, мобилноста на луѓе, услуги и капитал. Тоа се четирите слободи на ЕУ. Во нашиот регион мораме да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање. Мораме да ја донесеме Европа на Балканот во секоја од нашите земји. Тоа е составен дел од нашата домашна задача за интеграција во ЕУ.  Мора да се зајакнат процесите за реализација на Регионалната економска област и да ги исполниме задачите кои сме ги поставиле за взаемно признавање на дипломи, сертификати, намалување на трговските бариери, подобрување на инфраструктурата, воведување на полесни и поефикасни царински процедури“, рече премиерот Заев.

Според него, земјава е отворена за секоја иницијатива што ја промовира регионалната соработка, за забрзување на процесот на евроинтеграции на сите земји од Западен Балкан, како што е и Берлинскиот процес.

На овој начин, рече Заев, Балканот дефинитивно ќе биде повеќе почитуван од сите други региони во светот, ќе биде поконкурентен и ќе биде попривлечен за неговите граѓани да останат, да работат и да го планираат својот живот тука.

Тој, во име на тројцата учесници на средбата ги повика сите земји од регионот да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи, како што рече, Западен Балкан „дефинитивно е аспирација на сите во делот на унапредување на соработката“.

Тој во име на тројцата учесници на средбата ги повика сите земји од регионот да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи, како што рече, Западен Балкан „дефинитивно е аспирација на сите во делот на унапредување на соработката“.

Заев најави дека следниот состанок во овој формат ќе се одржи во Охрид на 10 ноември, каде очекува да бидат соопштени и првите успеси од ваквата иницијатива, да бидат потпишани одредени договори и да продолжи иницијативата за слободен проток на луѓе, капитал и стоки.

Српскиот претседател Вучиќ го поздрави усвојувањето на Декларацијата и изрази надеж дека со неа може да се скрати времето од  26 милиони часа што се губи на граничните премини, да се отстранат бариерите за побрз премин, да се олесни протокот на услугите, стоките и луѓето и да се овозможат поголеми плати и пензии.

„Сакам во име на Република Србија да изразам очекување и надеж дека ЕУ ќе ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тоа се нашите молба, желба и очекувања, бидејќи ја заслужија и сакам на луѓето во Северна Македонија и во Албанија да им кажам дека и доколку тоа не се случи сега, тоа не е нивна вина, бидејќи ЕУ има некои свои внатрешни причини и ова сега што го направивме е од есенцијално значење за економскиот и секој друг напредок“, изјави Вучиќ.

Албанскиот премиер Рама, пак, изрази надеж дека оваа иницијатива е процес на кој ќе се приклучат и останатите земји во регионот на Западен Балкан.

„Со поддршка на нашите европски партнери, преку овој процес мораме да направиме повеќе заради нашите граѓани. Постојат отворени прашања во регионот, но тоа не треба да не спречува да се договориме за она што е важно за сите граѓани во регионот… Од суштинско значење е целта која не собра во овој формат, да одиме напред, на еден поинтензивен начин, со подобра координација процесите кои ги ставивме на хартија, да ги одработиме сами“, порача Рама.

 

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе