На покана од Курц

Заев во Виена на конференција за Западен Балкан

Во организација на австриската влада, денеска во Виена денеска се одржува конференција за Западен Балкан, во организација на австриската Влада, а на неа учествуваат премиерите од регионот. Главната цел е да се врати регионот високо на агендата на Европската Унија.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги покани премиерите на Западен Балкан на конференција на која главно ќе разговараат за европската перспектива, но и за борбата против ковид-19, економската поддршка по кризата и заедничката борба против илегалната миграција.

На конференцијата ќе присуствуваат премиерот на Македонија, Зоран Заев, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, премиерот на Косово, Албин Курти и претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак додека од Албанија ќе има претставник на владата.

Во изјавата, Курц истакна дека земјите од Западен Балкан ја имаат целосната поддршка на Австрија на нејзиниот пат кон ЕУ и во борбата против пандемијата.

„За жал, минатата година ЕУ не посвети доволно внимание на процесот на приближување кон овој важен соседен регион“, нагласи тој, додавајќи дека ЕУ е комплетна само кога сите земји од Западен Балкан станат членки на Унијата.

Тој вели дека на конференцијата ќе се разговара и за заедничката борба против илегалната миграција. Експертите на австриското Министерство за внатрешни работи тргнуваат од премисата дека со намалување на ограничувањата, притисокот на миграцијата врз ЕУ ќе се зголеми.

Од Кабинетот на канцеларот на Австрија тврдат дека околу 80.000 илегални мигранти во моментов се наоѓаат во Грција и Западен Балкан. Во врска со ова, се потсетува на неодамнешната иницијатива на министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, за враќање на мигрантите, кои немаат шанси да останат во ЕУ, од Западен Балкан во нивните земји на потекло. 

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе