Заев: Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил ги сподели податоците од Државниот завод за статистика според кои извозот бележи раст.

Заев напиша и дека продолжува поддршката за извозните компании.

„Расте извозот! Во услови на пандемија во јануари годинава остваривме поголем извоз од јануари 2020 кога во светот сѐ уште не беа на сила рестриктивните мерки за ублажување на последиците од КОВИД-19. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32,5 милијарди денари и бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година.

Во јануари 2021 година, додава Заев, според вкупниот обем на надворешно трговската размена земјава  најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

„Продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании. Покрај намалувањата и укинувањето на царинските стапки, на располагање е и финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 10 милиони евра, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат“, наведува премиерот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе