Заев: Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување

Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот за 2021, кој оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

„Целта е да се обезбедат работни места посебно за најмладите, долгорочно невработените и лицата кои користат социјална помош, но и да им се помогне на сите оние кои ги загубија своите работни места поради пандемијата“, наведува Заев во објавата.

Тој потенцира дека јавните огласи се во тек, преку кои работодавачите и невработените лица може да аплицираат за програмите и мерките за вработување.

„Креираме инклузивен и рамномерен регионален развој, економските мерки се насочани за спас на секое работно место. Оперативниот план е креиран во согласност со потребите на невработените лица и на претприемачите“, додава премиерот Заев во фејсбук-објавата.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе