Заев: Во Охрид ги ослободуваме плажите, ќе ги ослободиме и во Струга

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев вечерва на граѓанската трибина Струга упати јасна порака дека статусот во УНЕСКО на Охридското езеро ќе биде вратен и заштитен и дека по победата на 15 јули уште позасилено ќе продолжат активностите за враќање на статусот на Охридското езеро во УНЕСКО.

„Во Охрид ги ослободуваме плажите според критериумите на УНЕСКО, ќе ги ослободиме и во Струга. Одлучни сме да го вратиме статусот на заштитено светско наследство на Охридското езеро. Можете да видите денеска дека градоначалникот на градот Охрид тргна во поход на ослободување на плажите, да ги вратиме онака како што е предвидено според критериумите на УНЕСКО. Ова ќе се случува и во Струга. Охридското езеро е нашиот бисер, нашето богатство кое мора да си го чуваме и да го оставиме во наследство на нашите деца. Ќе го расчистиме крајбрежјето до крај онака како што ни налага УНЕСКО, а потоа ќе се организира сé како што треба повторно во согласност со критериумите на УНЕСКО. Од другата страна на езерото се отстранува, ќе се отстранува и од оваа страна. Секако ова е под надлежност на општините. Очекувам градоначалникот на Струга да го следи примерот, ако не го следи по 15 јули новата Влада ќе му ги одземе надлежностите, ќе ги спроведеме плановите, а на Мерко ќе му ја испорачаме сметката да си ја плати. Нема како поинаку“, порача претседателот Заев од граѓанската трибина во Струга.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе