Заев во ноември во Софија на средба со Борисов, Гоце Делчев една од темите на разговор

Во ноември во Софија планирана е средба на премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов. Гоце Делчев ќе биде една од темите на разговор на средбата. Ова ќе биде прва средба на македонски и бугарски високи функционери по испраќањето на т.н. објаснувачки меморандум на Бугарија до земјите членки на ЕУ. Во овој меморандум Бугарија го оспорува македонскиот национален идентитет – македонскиот јазик и македонската нација.

„Очекуваме во периодот, не подоцна, од 10 ноември да направиме една средба. Секако јас сакам да ја посетам Република Бугарија и да биде мојата прва официјална посета како претседател на Владата заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори. Тоа е токму прашањето за ова следно историско поглавје, а тоа е Гоце Делчев како историска личност и овој период од историјата. На 10 – 11 ноември се очекува да се одржи Берлинскиот процес каде што сме домаќини ние и Бугарија заедно, што ќе се одржи во Софија. Очекуваме овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за да можеме да седнеме да поразговараме на подготовката за Берлинскиот процес, секако и за ова отворено прашање“, изјави вчера Заев вчера на заедничката прес-конференција со новиот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе