Самит на НАТО

Заев во Лондон: Блокадата од Франција беше нефер, сонот на генерации се остварува, стануваме 30. членка на НАТО

Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од демократскиот свет, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70-тиот роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани“, додаде Заев.

Премиерот ја предводи владината делегација која денеска и утре присуствува на лондонскиот Самит, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Заев, запрашан за блокадата на францускиот претседател, Емануел Макрон, во октомври, за ЕУ преговорите со Северна Македонија повтори дека оваа одлука предизвика големо разочарување за македонските граѓани. Заев ова го изјави во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира“ на маргините на лидерскиот самит на НАТО кој се одржува утре во Лондон.

„Ова беше многу нефер за нас, ние сме кандидати за ЕУ 15 години, сите 28 земји членки потврдија во Советот на ЕУ дека сме ги исполниле реформите, најдовме решение со Грција и Бугарија, го сменивме нашето уставно име и одлуката дека на ЕУ ѝ е потребно повеќе време беше многу дестабилизирачка за нас, многу бевме разочарани, но ние продолжуваме со реформите и се надевам дека оваа грешка ќе биде поправена многу скоро“, изјави Зоран Заев.

Тој ѝ се заблагодари на Полска и на другите земји од Вишеградската група за нивната поддршка на реформскиот пат кон ЕУ и НАТО.

„Полска е една од земјите кои највеќе нѐ поддржаа да ги решиме не само билатералните спорови, туку и да изнајдеме решенија со Бугарија и Грција, таквата политика од сите земји од Вишеградската група е добар пример за нас, тие го споделија нивното искуство со нас“, изјави премиерот во Лондон.

На маргините на Самитот се одржуваат билатерални средби како и конференцијата „НАТО се ангажира“.

Северноатлантската алијанса оваа година одбележува 70 години од своето постоење во контекст на длабоки несогласувања помеѓу Турција, Франција и САД. 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе