Премиерот со оценка за средбите во ЕУ

Заев: Во Брисел јасно кажавме дека за македонскиот идентитет никогаш нема да преговараме

Клучните претставници во Европската комисија и во Европскиот парламент и во другите европски институции знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и дека никогаш нема да биде за преговори, изјави за медиумите премиерот Заев. „Порачавме јасно и гласно и повторивме – тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел – потоа може да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина. Со нашиот идентитет не смее да си игра ниедна држава, ниту ЕУ“, нагласи Заев.

„Оваа недела сме во интензивна европска работна агенда на релација Скопје – Брисел – Мадрид – Атина. Денес ви се обраќам од Мисијата на Северна Македонија, тука од срцето на Европската Унија, од Брисел. Имавме интензивни средби со највисоките претставници на европските институции – и обезбедивме дека и во Европската комисија и во Европскиот парламент и во која било друга европска институција, клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори", изјави за медиумите премиерот Заев сумирајќи ги резултатите од средбите на нашата владина делегацијата.

Фон дер Лајен, Вархеји, Сасоли, Борел, Тимерманс, Лајчак, Вебер, Ќучук, Чолош – сите европски лидери и претставници, како што истакна премиерот Заев, ја знаат и ја разбираат позицијата – „додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме“.

„Порачавме јасно и гласно и повторивме – тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел – потоа може да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина“, нагласи Заев.

Ние, додаде, имаме и гордост и сопствен идентитет. „Гордоста можеме да ја засилуваме или смируваме, но идентитетот и јазикот македонски нѝ е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра нити мојата Влада, ниту која било друга Влада, а уште помалку друга држава или Унијата во која не сме членка", додаде тој.

„Почитувани граѓани, народе мој, европската агенда продолжува, од Брисел кај нашите пријатели во Мадрид, а потоа и на економскиот форум Делфи во Атина. Европскиот пат е пат на соработка и меѓусебно разбирање", рече во изјавата за медиумите премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, во изминатите два дена оствари средби со највисоките претставници на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и средби со неколкумина министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе