За 360 степени

Заев: ВМРО-ДПМНЕ не сака брзи избори, бараше, бараше, па почна мрчењето

ВМРО-ДПМНЕ бега од брзи избори, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата 360 степени на АлсатМ и додаде дека понудиле два датума за во декември, но опозицијата ги одбила.

„Де факто ВМРО-ДПМНЕ не треба да цепидлачи 100 дена да биде Владата. Треба да ја има Пржинската влада. Дефинитивно бегаат од избори. Знаете како: бараме, бараме избори – ние ги понудивме, покажавме демокатска зрелост и сега почнува тоа што го кажав јас, мрчењето. Значи не бива вака, ама законот не бива вака, не знам што ќе кажат граѓаните, ај да продолжиме за на пролет или слично. Дали ќе бидат во декември или ќе бидат на 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз затоа што ништо не се промени таму. Тие се исти”, вели Заев.

Според него, на последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ не изгубиле оти ја имале контролата над диктаторската власт, а сега, вели, апсолутно немаат власт да ги контролираат душите на граѓаните како што тоа го правеле.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Албанци му приоѓале во Гостивар и го гушкале, Заев рече дека „Мицкоски веројатно не го препознал Таравари, може тоа Таравари го гушкал”. 

„Дај Боже да дочека Албанците да го гушкаат, но за тоа треба да го промени својот наратив прифатен од неговиот претходник. Веројатно не го препознал, или Таравари бил, или некој од неговиот тим”, изјави Заев.

Говорејќи за настаните во Брисел и во Луксембург, тој исто така изрази задоволство што 27 земји потврдиле дека Северна Македонија е успешна и оцени дека за несогласувањето на Франција да се отворат преговорите со ЕУ со нашата земја, причината не сме ние.

„Јас реков дека ова ќе го носам како нова лузна на моето лице, како што ги носам лузните од непријатните настани, кои што се случија во Собранието. Секако, очекувавме Европската Унија да го исполни своето ветување, коешто за жал не го исполни. Рекоа дека направиле историска грешка. И јас така ја нареков таа постапка – историска грешка. Ветувањето беше многу прецизно многу постојано, многу континуирано како признание за тоа што нашата земја помина низ еден сериозен процес на реформи, заради двата договори со Бугарија и Грција”, изјави Заев, одговараќи на прашањето дали се чувствува измамен.

За информациите дека постои иницијатива од Италија да се врати прашањето за Северна Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи, премиерот Заев одговори: „Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите".

Додаде дека веќе добил покана од италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретнат во вторник, на 29 октомври и оти ќе разговараат за оваа иницијатива која како што рече е подржана и од други премиери.

На прашањето како го коментира размислувањето на претседателот на Франција Макрон дека треба да земе предвид дека на некои од земјите кандидати за членство во ЕУ, наместо тоа може да им се понуди стратешко партнерство, Заев истакна дека за нашата земја нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ и „нема да прифатиме друга дебата како на пример таа за стратешко партнерство, а не за членство”.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе