Премиерот ги негира неофиијалните информации

Заев: Викендов нема средба помеѓу мене и Борисов

Премиерот Зоран Заев денеска за ТВ 21 ги демантира неофицијалните информации дека има закажано средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

„Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара", соопштил  премиерот во пишан одговор за ТВ21.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави можност за усвојување на „Патоказ“, односно усогласување на заеднички акциски план, кој би ги утврдил активностите за имплементација на Договорот меѓу двете земји.

Оваа идеја дојде од бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе