Пред утрешната собраниска седница

Заев: Ветуваме рационализација на администрацијата

Оваа генерација на политичари е првата, која вети рационализација на администрацијата. Токму заради штедењето на парите кои ги нема бесконечно е и наше право и обврска да кажеме каде најпотребно ќе ги релоцираме тие пари. Затоа и ги намаливме и ресорите на Владата од 26 сега се 19 министри, ќе имаме спојување на многу институции и нивна рационализација да ја покачиме ефикасноста на самата јавна администрација и на институциите кои постојат, изјави мандатарот Зоран Заев во Македонска Каменица, каде со дел од идните министри присуствуваше на свеченоста по повод тројнипот празник во општината.

Заев во Македонска Каменица повтори дека ако ВМРО-ДПМНЕ утре се откаже од своето право на потпретседател во Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ. Дебатата на оваа тема, според Заев, била дали да има три или пет потпретседатели, поради што минатиот состав одлучи да има 5 потпретседатели.

„Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место за што ќе им се укаже шанса на помалите партии. Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија. Суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас“, рече Заев.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе