Заев: Ветото од Бугарија може да го зголеми евроскептицизмот

Најголемите ризици што може да ги донесе ветото од Бугарија за земјава е непотребно потрошеното време, како и евроскептицизам кај граѓаните, но патот е тој и ние продолжуваме со реформите, рече премиерот Зоран Заев.

„Ветото најголемите ризици што може да ги донесе е  потрошено непотребно време, нашата заедница, нашата земја изгуби толку драгоцено време со децении наназад преку нерешавање на билатералните спорови со соседите. Секако може да демотивира од поддршката на нашиот народ за полноправно членство во ЕУ, кое го посакуваме заради европските вредности европеизацијата дома, квалитетот на живот, европскиот стандард донесен дома. Тоа е она што е многу важно, нашиот пат е тој и ние продолжуваме со реформите и со сето она што е зацртано во поглавјата ние го работиме за да можеме да го антиципираме, да го искористиме тоа време додека не ги отвориме вистински самите поглавја. Иако знаеме дека не е тоа тоа, не е исто“, вели Заев на новинарско прашање по обраќањето во село Стајковци по повод изградбата на нова спортска сала.

И затоа, додаде, овој период треба да го искористиме на адаптирање, усвојување и спроведување на Акцискиот план.

„Министрите за надворешни нека продолжат со Бугарија да креираат, да разменуваат искуства. Ако може да се реши пред изборите, супер. Но, реков, не верувам во очи избори дека е тоа возможно. Би бил многу радосен ако тоа се случи, но во најмала рака ќе ни помогне за веднаш после изборите да имаме посериозен исчекор во решението на овој проблем“, истакна премиерот Зоран Заев. 

Тој зијави дека ќе поддржи постапка за брзо обезбедување државјанство на оние досега констатирани 650 или 800 граѓани и колку и да се во иднина, кои на најбрз, но најпрофесионален начин, ќе ја потврдат причината за добивање  државјанство. Но не може да се поддржи предлогот на Алијанса за Албанците со тројца сведоци да се добие државјанство, изјави Заев.

„Ја почитувам оваа најголема албанска опозициска партија. Но предлогот не е за поддржување зашто секој може да донесе тројца членови од неговото пошироко семејство да кажат и – готово. На крајот тоа може да биде обжалено и правно да падне. Двајца сведоци треба за брак и тоа е доволно, но за државјанство не може со сведочење зашто тоа е субјективно“, рече Заев.

Додаде дека со прагматизам и меѓународната пракса од Обединетите нации и земји кои спровеле ваква постапка ќе се изнајде начин да се издадат државјанства.

„Извод од основно одделение, завршено четврто оддделение, деца кои завршиле основно, средно училипште, се што е познато во меѓународната пракса е доволен основ, а посебно ОН може многу да ни помогнат. Без какво било малтретирање, трчање по шалтери со документација да се дадат државјанства“, рече премиерот.

Дел од овие луѓе, како што рече – стотици граѓани,  веќе зеле државјанство според досега донесени решенија преку Службата за матична евиденција на Министерството за правда.

„Се покажа недоволно и затоа сега ја отвораме оваа дебата, што е доволно за да може да се добие државјанство. Најголем дел од тие граѓани се наши најсиромашни сограѓани Роми, после се Албанци, има и Македонци, и Бошњаци. Имаме од сите националности и тоа се наши граѓани. Ние живееме со нив, тие се тука и, за жал, досега немаат право на социјална заштита, здравствена заштита и на други државни придобивки“, додаде Заев одговарајќи на новинарски прашања во Стајковци на настан по повод изградба на училишна спортска сала. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе