Согласност има, но не и детали

Заев: Верувам дека имаме договор. Села: На добар пат сме до решение за државјанството

Премиерот Зоран Заев и претседателите на партиите од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на денешната средба во Собранието постигнале договор околу законот за државјанство, но најавија дека деталите ќе ги соопштат откако предлогот со точните правни формулации ќе биде ставен на хартија.

„Верувам дека постигнавме договор, тоа е вистинската формулација. Тоа за што постигнавме согласност ќе го ставиме на хартија заради правните формулации за потоа да видиме дали е тоа што го договоривме. Доколку преурането соопштиме детали, пред да ги ставиме на хартија, би можеле да предизвикаме различно видување во јавноста“, изјави Заев по состанокот.

Тој најави дека законот веднаш ќе почне да се подготвува, па кога ќе ја видат верзијата на текстот ќе ги соопштат деталите.

„Се работи само за наша внимателност, ништо друго. Предлагачите ќе работат на изготвување, а потоа тоа ќе се разгледа. Целта е сите субјекти да го видат предлог законот и да ги слушнеме нивните мислења. Можеби се само денови во прашање“, рече Заев.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по средбата со Заев, потврди дека се на добар пат да стават крај на проблемот со државјанството. Според Села, договорот предвидува сите граѓани кои се родени и живеат над 30 години во Македонија да можат да добијат државјанство.

И тој рече дека нема да изнесува детали од разговорите со Заев за законот за државјанство и оти тие ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела.

„Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и живееле повеќе од 30 години во Македонија да не останат без државјанство и еднаш засекогаш да го решиме овој проблем. Затоа продолжуваме да сме на добар пат за решавање на овој проблем и се надевам дека многу брзо на почеток на следната недела ќе излеземе заедно со нашиот последен и финален став, кој ќе биде достапен и за јавноста да се знае кои се прашањата за кои сме се согласиле, секогаш водејќи се од идејата дека е важно да се реши проблемот, а не да говориме добри и големи зборови“, изјави Села и ги  замоли новинарите да не бараат детали од разговорите.

Тој ја појасни позицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива со изјавата дека во принцип на секој човек што е роден во Република Македонија, матична држава му е Македонија.

Инаку, ова беше трета средба на Заев со претставници на албанската опозиција – Алијанса за Албанците и Алтернатива за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

На средбата присуствуваа и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, кој е од редовите на БЕСА.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе