Заев верува во решение со Бугарија со кое двете страни ќе бидат среќни

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека со Бугарија ќе се најде решение со кое двете страни ќе бидат среќни и рече дека Бугарија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјава.

„Верувам дека ние како премиери, така и нашите министри ќе водат грижа дека на крајот треба да се договориме и да најдеме решение каде што двете страни ќе бидат среќни, ќе продолжиме низ самите тие решенија да го унапредуваме и зацврстуваме пријателството и добрата соработка меѓу двете земји”, изјави Заев.

Тој повтори дека планира првата официјална посета како премиер во вториот мандат да ја направи на Бугарија.

„Бугарија ни е голем пријател и секако мораме да бидеме и внимателно поставени и пријтелски поставени со оглед на околностите, таму граѓаните изразуваат незадоволство пред бугарскиот Парламент и нашата намера за средба е отворена во зависност од тоа кога ќе се создадат услови. Ние не сакаме да предизвикаме никаква непријатна ситуација или раздазливост заради тоа што таму се отворени други теми кај граѓаните. Како што и тие беа внимателни и имаа трпение да завршат кај нас изборите”, оцени Заев.

Тој истакна дека во следниот период, не подоцна од самитот на Берлинскиот процес во Софија, каде што домаќини се Македонија и Бугарија како копретседавачи, ќе може да се сретне со Борисов.

„Јас реков дека сакам мојата прва официјаллна посета да ја направам на Софија. Првиот мандат го почнав со прва официјална посета на Бугарија, пријателска Бугарија и се донесоа крупни сериозни одлуки за иднината на Република Северна Македонија, така во духот на тоа пријателство, верувам дека ќе имаме добар почеток и на работењето на новата Влада. Потпретседателот и министер за одбрана Каракачанов на сите средби е со изрази на наше пријателство. Јас верувам дека ќе водиме грижа за тоа пријателство. Нашиот пријател во бугарскиот народ е голем поддржувач на европската иднина на Република Северна Македонија”, додде Заев.

Тој уште потсети дека на софискиот самит Борисов бил најсилен поддржувач фокусот на Европа да се сврти кон Западен Балкан, лобирал во Европскиот совет за добивање почеток на преговори и придонел да се донесат други договори на Балканот.

„Борисов лобираше за сите тие финансиски средства кои ни доаѓаат од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, од ИПА компонентите, како и многу инвестиции што влегоа од Бугарија во Република Северна Македонија, но тоа може да биде уште многу повеќе заради економската соработка”, изјави Заев.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе