Премиерот на Фејсбук

Заев вели животот се менувал на подобро поради вработувањата и повисоките плати

Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро. Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Економијата бележи историски раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7 проценти, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година, наведува премиерот Заев во објавата.

Тој потенцира дека државата бележи историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 отсто со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.

„Успешните економски политики даваат резултати“, додава премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе