ПРЕД ФОРМИРАЊЕТО НОВА ВЛАДА

Заев вели дека утре ќе носи потписи кај Иванов, од претседателскиот кабинет велат дека нема таква најава

Немаме никаква најава од СДСМ, ниту пак од Собранието дека утре некој ќе го бара мандатот со обезбедени најмалку 61 пратенички потпис, брифираат од кабинетот на претседателот на државата по најавите дека утре Зоран Заев, лидерот на социјалдемократите, ќе го побарал мандатот од претседателот Иванов.

Во СДСМ велат дека утре претседателот на партијата Зоран Заев ќе го посетел претседателот на државата со 67 потписи од пратениците. Не се знае како тоа ќе биде сторено - преку Собранието на Република Македонија или директно со барање за средба до кабинетот на претседателот.

Од кабинетот на Иванов велат дека немаат никакви информации и за тоа дали шефот на државата прво ќе ги побара деталите за тоа што било договорено меѓу СДСМ и ДУИ како дел од нивните преговори за формирање нова влада, па дури потоа да процени дали новите владини партнери се подготвени да го чуваат унитарниот карактер на државата.

На први февруари по консултациите со лидерите на политичките партии, претседателот Иванов изјави дека бара писмена гаранција за обезбедени 61 пратенички потпис, зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и реформи во безбедносните институции.

„Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритета: заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија“, изјави тогаш Иванов.

Вчера еврокомесарот Јоханес Хан го повика претседателот, но и Собранието, да постапат согласно Уставот и мандатот да го дадат на партијата која има обезбедено мнозинство во законодавниот дом.

Денеска од НАТО соопштија дека „сите страни треба да се воздржат во своите изјави и дејства и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани. НАТО останува посветен на членството на БЈР Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјави дадени на следните самити на НАТО“, соопшти НАТО.

Во изјавата за српски „Курир“ Заев денеска изјави дека утре на претседателот на државата ќе му предаде 67 потписи и дека се надева дека ќе го добие мандатот и брзо ќе ја формира новата влада.

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во порака испратена преку Фејсбук му порача на Заев дека ќе ја поддржи неговата влада само ако се откаже од албанската платформа и од редефинирање и урнисување на државата.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе