Во разговор со косовскиот премиер

Заев вели дека неделава ќе се знае датумот за избори, Курти веќе го најави јули

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска телефонски разговарал со Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување. Во разговорот заеднички било заклучено дека и Македонија и Косово доста добро се справиле со кризата предизвикана од коронавирусот.

 

Заев, како што соопштија од СДСМ, нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.

„Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ”, рекол Заев, додавајќи дека се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.

Во однос политичките состојби и одржувањето избори, Заев кажал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

Курти, пак, претходно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои тие ќе се одржат во наредните месеци, меѓу кои и Северна Македонија која, според него, ја чекаат избори во месец јули.

„Согласно нашиот Устав, потребни се нови избори. Тие веќе се одржуваат низ Европа. Избори ќе има во јуни во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Северна Македонија, Шпанија и Хрватска. Треба да имаме (парламентарни) избори и ние во Косово, а и локални во Подујево. Дури, може и во исто време”, напишал Курти на Фејсбук. 

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе