Заев: Веќе сме во сериозни контакти со светски познати компании што се заинтересирани за инвестирање во регионот

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска оствари средба со помошник генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Арнд Лорингхофер, на која била пренесена поддршката од сите земји на НАТО во финалните чекори за членство во НАТО, со надеж дека Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на Алијансата.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, е констатирано дека позитивните случувања во земјата се добра вест и за светот, а исто така, е изразена и поддршка во насока на реформите и законската легислатива што се носи, во делот на професионализација и ефикасност на безбедносните служби.

„Членството на Република Македонија во НАТО ќе има позитивен импакт за нашата земја, но и во целиот регион, затоа што носи стабилност. Тоа ќе влијае и на развој на економијата, бидејќи инвеститорите пред се тргнуваат од стабилноста кога одлучуваат каде ќе вложуваат. Веќе сме во сериозни контакти со светски познати компании што се заинтересирани за инвестирање во регионот и имаме позитивни сигнали дека во Република Македонија гледаат сериозни потенцијални можности, поради отворените НАТО перспективи“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, на средбата посочил дека реформите во безбедносните служби се прават низ инклузивен процес во државата, но и според успешни модели од земјите членки на НАТО и најавил дека и во следните чекори, Владата тесно ќе соработува со НАТО земјите во врска со заокружувањето на професионализацијата на безбедносниот сектор, затоа што целта на  Република Македонија е да биде партнер за пример во НАТО.

Високиот претставник на НАТО, Лорингхофер, изразил благодарност за придонесот на нашата држава во мировните мисии и растечкото учество на војници на АРМ во мисиите во Авганистан. Премиерот Заев најави дека трендот ќе продолжи и во иднина и во однос на партиципацијата на припадници на АРМ во мировните мисии и во однос на одвојувањето буџетски средства за Армијата, затоа што целта на Владата е војниците од Република Македонија да бидат на достоинствено ниво со нивните колеги од НАТО земјите, во мисиите.

На средбата, како што се наведува во соопштението, е разговарано и поконкретно за актуелната безбедносна состојба во државата и во регионот. При тоа, премиерот Заев изразил благодарност до претставниците на НАТО за денешната средба, како и за континуираната поддршка што доаѓа од генералниот секретар на НАТО и од земјите членки за Република Македонија, а кои ги оцени како значајно охрабрување за институциите, правосудниот систем, администрацијата, медиумите, граѓаните, дека државата се движи во вистинската насока.

Претходно со Генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност, Арндт Фрајтаг фон Лорингхофен, средба оставри и Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, двајцата соговорници ја констатирале досега успешната соработка, подвлекувајќи ја притоа важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои, кој е, како што било потенцирано, особено важен за Република Македонија, кога се очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство на земјата во НАТО“.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе