Собрание

Заев веќе се договорил за коалиција со Тачи, средби со Ахмети, Села и Гаши

По вчерашата куса средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, Зоран Заев се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши.

Вчера беше потврдено дека пратеникот на ДПА, Мендух Тачи, веќе договорил поддршка на коалицијата на СДСМ. Средбите на Заев се одржале во Собранието. Засега ниту еден официјален претставник на партиите не дава никаква информација за содржината на разговорите.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера најави дека ги почнува консултациите со партиите на Албанците околу составување парламентарно мнозинство и формирање на идната Влада.

 

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе