Заев вечер ќе ги информира коалициските пaртнери за договорот со Гаши

Премиерот Зоран Заев вечер на заедничка средба што ќе започне во 18 часот ќе ги информира партиите од владината коалиција за договорот за влегување на Алтернатива во Владата.

Новото парламентарно мнозинство, по постигнувањето на договорот меѓу Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе има 64 пратеници и нов состав на Владата во која Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри. 

Заев ќе ја напушти лидерската функција во партијата со конгресот на партијата на 12 декември, кога ќе биде избран негов наследник на чело на СДСМ, а од премиерската – за неколку недели односно, како што вели, кога ќе стане извесен успешниот епилог на процесот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, односно наоѓање решение со Бугарија.

На официјализирањето на договорот, кој следуваше по три нивни средби, лидерите на двете партии истакнаа дека со четирите пратеници на Алтернатива државата излегува од политичката криза, обезбедено е стабилно парламентарно мнозинство и нема потреба од предвремени парламентарни избори, туку редовни во 2024 година.

Парламент со мнозинство пратеници, нагласија Заев и Гаши, ќе обезбеди стабилност за клучни политики, носење важни закони, решенија за енергетската и пандемиската криза, како и гласање на Буџетот за 2022.

За составот на новата Влада ќе одлучува новиот мандатар и тоа ќе биде по неколку недели.

Алтернатива во следните неколку недели ќе почне да ги презема одговорностите во институциите. Договорено е партијата да добие тројца министри – за здравство, информатичко општество и еден министер без ресор и тројца заменици министри – за образование, култура и еден за ресор што дополнително ќе го договорат. Партијата на Гаши ќе добие и функционерски места во повеќе централни и подрачни институции, меѓу кои МЕПСО, ФЗОМ, Железници, Клиничкиот центар во Тетово, Агенцијата за странски инвестиции....

За кадровските решенија ќе решава Централното претседателство на Алтернатива откако ќе поминат внатрепартиските консултации за имињата со кои ќе учествуваат во извршната власт.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе